Скопје

Нова градска болница во Аеродром: Болницата за хируршки болести се сели кај Мајчин дом

Нова градска болница во Аеродром: Болницата за хируршки болести се сели кај Мајчин дом

Уште една нова градска болница ќе никне на местото на Мајчин дом во скопската населба Аеродром, јавува „Фокус“ од извори во министерството за здравство.

Таму ќе биде преселена Болницата за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, која е лоцирана во центарот на градот. Причината за ваквата одлука е да има две градски болници, со цел да се растерети гужвата во старата воена болница.

Нивни извори уште информираат дека во моментот се обезбедува маркица за градба и техничка документација со цел побрзо да почне постапката, а целата процедура оди преку министерството за здравство кои веќе ги потврдиле информациите.