Скопје 14. август 2018. / 15:23

Ниту штроењето, ниту стационарите дадоа резултат, во Скопје има скоро 10.000 кучиња скитници

Ниту штроењето, ниту стационарите дадоа резултат, во Скопје има скоро 10.000 кучиња скитници

Состојбата со уличните кучиња во Град Скопје е плод на слаба грижа за кучињата и за состојбите во однос на стационарот „Вардариште“, изјави денеска советникот во Град Скопје Васко Лазаревски. Според него, по скопские улици и паркови се шетаат помеѓу 8 и 10 илјади кучиња скитници.

Од почетокот на оваа година во Град Скопје се заловени околу 700 улични кучиња и сите се третирани по принципот залови, стерилизирај и врати на место. Бројот на кучиња се проценува дека е од осум до десет илјади. Тоа е резулат на тоталната негрижа и лошиот однос кон одговорното сопствеништвото на домашните кучиња во Град Скопје. Новата градска администрација го почнува нов процес, и се надеваме дека ќе придонесе кон што поодговорно однесување кон кучињата, заклучува Лазаревски.