Без вода денеска од 12 часот ќе бидат дел од корисниците од населба Маџари, населба Хиподром и село Трубарево.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопштуваат дека прекин во водоснабдувањето ќе има на улица Благоја Стефковски со улицата Петре Филиповски Гарката, поради уличен дефект на водоводна мрежа од ф 350мм.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата