Краткотрајниот дожд во Скопје предизвикаа поплави во повеќе населени места. Од испратените фотографии од скопската населба Автокоманда, може да се види дека улиците се поплавени и е отежнат сообраќајот, пишува Курир.
Граѓаните коментираат дека за ова е виновна општината која дозволила да дојде до ова поради лошото одржување на атмосферската канализација. Велат никој од надлежните и општинските власти не е излезен на терен за ја види состојбата и да преземе било какви мерки.