Активистите од граѓанската иницијатива „Не низ Водно“ трет ден протестираат против одлуката на Владата гасоводот да минува низ Водно.
Тие со жив ѕид и денеска се појавија пред багерите, да го бранат уништувањето на природата.
Една од активистите, симболично со кеса на главата, покажа како ќе се дише ако продолжи масакрот на Водно.
Целта на оваа иницијатива е да се спречи сечата на шумата на Водно, за да се изгради гасовод.
Политичарите иако пред изборите ветуваа дека ќе ги вратат белите дробови на Скопје, на крај сепак одлучија со багери да тргнат кон Водно.