Скопје

Нападната вработена во спортска обложувалница

Нападната вработена во спортска обложувалница

Во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека во спортска обложувалница на улицата „Невена Георгиева- Дуња“ бил нарушен јавниот ред и мир.

Како што информираат од МВР, по вербална расправија, М.Н. физички ја нападнал вработена во обложувалницата.

Полицијата презема потребни мерки за целосно расчистување на случајот.