Скопје 04. јуни 2020. / 12:28

Најголем број од заразените во Скопје се од Чаир

Најголем број од заразените во Скопје се од Чаир

Најголем број од активните случаи на коронавирус во Скопје се од Чаир, по што следат Сарај, Аеродром, Бутел и Гази Баба, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Во Скопје заклучно со вчера активни се 392 случаи или дадено по општини: во Чаир активни се 97, Сарај – 47, Аеродром – 47, Бутел – 47, Гази Баба – 38, Центар – 24, Карпош – 17, Кисела Вода – 17, Студеничани – 13, Ѓорче Петров 11, Илинден 10, Шуто Оризари – 9, Арачиново – 8, Петровец – 5, Сопиште -2.