Скопје 27. февруари 2020. / 20:09

Најавено ново невреме: Од Град Скопје со апел граѓаните да не се движат и да не паркираат под дрвја

Најавено ново невреме: Од Град Скопје со апел граѓаните да не се движат и да не паркираат под дрвја

Град Скопје попладнево испрати апел граѓаните да бидат внимателни, поради најавите за нови врнежи и силен ветер.

Согласно најавите од УХМР и можноста за повторни врнежи на дожд и засилен ветар во текот на денешниот ден, градските власти апелираат до граѓаните да го избегнуваат движење по патеки поккриени со дрвја и да избегнуваат да ги паркираат возилата во близина на дрвја

Екипите на Град Скопје ја следат состојбата на терен и истите се подготвени да интервенираат за санација на штетите предизвикани од евентуално невреме.