Скопје

На скопјанец на улица му „здиплиле” 92.000 денари и картици од банка

На скопјанец на улица му „здиплиле” 92.000 денари и картици од банка

Во 01.10 часот во Единицата за информации Скопје, 36-годишниот А.Б. од селото Јурумлери, скопско, пријавил дека на 10. во 23.30 часот, додека се движел по улицата „Благоја Стефковски“, две непознати лица извршиле разбојништво над него.

Сторителите со закана со нож и физичка сила му одзеле чанта во која имало  мобилен телефон, две картички од банка и 92.000 денари, по што побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.