Скопје

На Шилегов ќе му требаат 7 до 10 дена за целосно расчистување на последиците од невремето во Скопје

На Шилегов ќе му требаат 7 до 10 дена за целосно расчистување на последиците од невремето во Скопје

Скопје ден по невремето. Се расчистува од паднати и скршени дрва кои зад себе ги остави циклонот „Луцијан“.

Ветрот кој според управат за хидрометеоролошки работи достигнал и над 80 километри на час буткаше и кршеше покриви, бандери, предизвика неколку пожари а најмногу штета направија паднатите дрвја.

Според последните податоци над 80 дрва паднале за кои  на градските власти ќе им требаат 7 до 10 дена да ги расчистат целосно.

Голем број на автомобили настрадаа во синоќешното невреме откако врз нив паднаа цели дрва.

Поројниот дожд кој изнесуваше само 11 литри на метар квадратен предизвика целосен хаос во градот поплавувајќи многу улици оставајќи цели семејства заглавени во своите автомобили а како главна причина граѓаните го посочуваат ненавременото расчистување на одводните шахти за кои ти сами се организираа и ги чистеа со лопати и грбла.