На просторот каде сега се наоѓаат бараките на Град Скопје во Градскиот парк, ќе се прави монтажен паркинг, а не зграда на пет ката.
Маркичката за деловен простор на оваа парцела, со приземје, 5 ката и поткровје, се брише со новиот Детален урбанистички план Градска четврт 3 12- локалитет Парк 1 и дел од Дебар Маало 2, кој го направи Општина Центар во рамките на процесот на ревидирање на урбанистичките планови.
Планот од 20 јануари е изложен на јавна анкета, која ќе трае до 31 јануари, а в понеделник ќе се одржи јавна презентација.