Скопје 14. март 2020. / 00:43

Мерки поради корона вирусот: Полицијата ги растера младите собрани на Водно

Мерки поради корона вирусот: Полицијата ги растера младите собрани на Водно

Министерството за внатрешни работи извести дека рано утрото во саботата презела мерки за расчистување на поголеми групи луѓе, согласно препораките на Владата во борбата против корона вирусот.

Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи од Скопје, како што наведуваат, презеде мерки за расчистување на поголема група на млади на Водно.

Оттаму апелираат до младите да ги почитуваат мерките на Владата.