Скопје 28. јануари 2021. / 11:34

Масовните кражби на капаци од шахти не престануваат

Масовните кражби на капаци од шахти не престануваат

Не престануваат кражбите на капаци од шахти и решетки од сливници, а отворените шахти претставуваат голема опасност за минувачите. Опасноста е уште поголема во ноќните часови кога видливоста на некои места е многу мала. Од друга страна, крадците му прават материјална штета на ЈП „Водовод и канализација“.

Од претпријатието објаснуваат дека капаците од шахтите кои се на улица, односно на коловоз многу ретко се крадат, бидејќи се тешки по 100 килограми и тешко се отвораат. Исто така, се наоѓаат на сред улица и тоа ги одвраќа крадците од намерата, бидејќи можат да бидат видени при извршување на делото. Најчесто кражби на капаци од шахти се случуваат во Ченто, во Ѓорче Петров и во Радишани.

Од „Водовод“ порачуваат секој кој ќе забележи дека е украдена улична шахта треба да пријави во дежурниот центар на телефонскиот број 02 3073-010, а потоа тие ќе пријават во полиција.