Градоначалникот на Аеродром Златко Марин, во интервју за МИА, кажа дека обесштетувањето на инвеститорот кај „Мајчин дом“ ќе значи комплетен крах на боџетот на Општина Аеродром.
Тој во интервјуто посочи дека не отстапува од ставот и сеуште смета дека не е добро да се гради таму, но сепак само Уставниот суд може да го поништи ДУП-от со цел да се спречи изградбата.
Марин кажа дека за обесштетување на инвеститорот сумите се огромни и општината ги нема тие средства.
Според досегашните анализи сумите се огромни и општината не располага со такви средства. Дополнителен проблем е што не може точно да се предвиди колку би била конечната отштета што ќе ја бара инвеститоторот, колку ќе бидат трошоците доколку се оди во судска постапка и слично. Од она што засега го имаме пресметано, само за трошоците за земјиште и комуналии треба да му се вратат околу 5,5 милиони евра. Дополнително, инвеститорот ќе бара отштета за досегашните инвестиции, за одржување и кредити кои, според информациите што тој ги пласира во јавноста, се многу високи. Доколку се оди во насока на обесштетување, инвеститорот би можел да побара сума и двојно поголема од првичните 5,5 милиони евра. За илустрација, Општина Аеродром во моментов има на располагање околу четири милиони и 800.000 евра, а нашиот основен буџет за цела 2018 година изнесува околу девет милиони евра – рече Марин и кажа дека ова ќе значи комплетен крах на буџетот на општината и огромни штети за граѓаните.
Целото интервју прочитајте го ТУКА.