Скопје 04. ноември 2018. / 18:46

Макрадули: Министерството за животна средина нема мерна станица во општина Ѓорче Петров

Макрадули: Министерството за животна средина нема мерна станица во општина Ѓорче Петров

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули преку фејсбук ја информираше јавноста дека наводните податоци од мерната станица во Горче ептров се шпекулација и дека Министерството за животна средина таму нема поставено мерна станица.

-За мене необјасниви причини само еден медиум праша што се случувало во даден момент со воздухот во Ѓорче Петров. Министерството за животна средина нема мерна станица во општина Ѓорче Петров. Покрај тоа, Невозможно е толкава концентрација (ако имало) да не се детектира никаде на друго место.

Впрочем и на приложениот график се гледа дека се работи за случаен погрешен импулс, а и големите бројки за висока концентрација не постојат. Секако со објавава не барам алиби, напротив останува мојата определба борбата со загадувањето да стане врвен приоритет и мојот став дека ни треба координирана и интегрирана акција базирана на факти – напиша Макрадули.