Скопје 27. ноември 2018. / 12:29

Маче се заглави во трансформатор на ЕВН во Аеродром

Маче се заглави во трансформатор на ЕВН во Аеродром

Маче се заглави во трансформатор на ЕВН во скопската населба Аеродром, потврдија за Плусинфо од ЕВН.

– Точно е, мачето е внатре, но не може да се лоцира точно каде е. Наша екипа остави храна, па се надеваме на среќен крај. – рече за Плусинфо, портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски.

Тој упати апел до сите граѓани да не преземаат мерки во свои раце, да не влегуваат внатре и да се обидуваат да го бараат мачето сами, бидејќи навистина е опасно. Посебно, нагласи тој, треба да се внимава деца да не се приближуваат до трансформаторот.

Очевидец претходно рече дека мјаукањето на мачето сѐ послабо се слуша, најверојатно бидејќи е исплашено и гладно.