За градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, очигледно нема епидемија ниту, пак, мерки за заштита од ширењето на корона вирусот.
Во моменти кога во Македонија има и по стотина новозаболени, како и одлука за тридневен полициск час, Дудуш одлучи на граѓаните да им дели канти за ѓубре.
Притоа, практично никој не носи заштитна маска, а граѓаните и градоначалникот се збиени десетици на многу мал простор.