Скопје 14. јули 2020. / 10:17

Кумашинот на Златко Марин добил стан во зградата кај „Мајчин дом“

Кумашинот на Златко Марин добил стан во зградата кај „Мајчин дом“

Граѓани на социјалните мрежи алармираат дека кумашинот на градоначалникот на Аеродром добил стан во ново изградента зграда кај „Мајчин дом“.

Изградбата на тој објект предизвика голем револт кај граѓаните на општината, коишто неколку дена се собира на протести, но на крајот градоначалникот Марин, сепак, даде „зелено светло“ зградата да биде изградена.

Затоа, сега, откако се објавени податоците дека Симон Шутиновски има стан во таа нова зграда, граѓаните прашуваат дали тој стан е платен или добиен како награда за дозволата во паркот да биде изградена зградата.

По која цена кумашинот на Златко Марин „го купи“ станот во зградата кај „Мајчин дом“ – прашуваат од Фејсбук групата „Јас сум од Општина Аеродром“.