Новиот корона вирус влезе во општинските простории на Град Скопје. Заразен е вработен во градската администрација пишува Инфомакс, а информацијата за порталот ја потврдил и портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиу.
Поради потврдениот случај на Ковид 19 на еден од вработените сите негови колеги заминуваат во изолација, односно барака број 1 од административниот објект во Градскиот парк оди во изолација.
Од утринава на сите вработени кои влегуваат во општинските просотории им се мери температура.
Салиу потенцира дека превземени се сите мерки за дезинфекција на објектот.