Верните „Комити“ и во најтешките моменти секогаш се покажуваат на врвно ниво, во овој случај успешна беше нивната акција „Купи билет за спас на ФК Вардар“.
Беа продадени вкупно 33,381 виртуелен билет или собрани 3,338,100.000 денари во обидот да се спаси најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија.
Тоа е точниот број на продадени виртуелни билети за натпреварот од Првата лига помеѓу Вардар и Пелистер.
Срушен е секој рекорд од било кој спортски натпревар на Националната арена и воопшто во било кој друг спортски настан.
На овој клучен и голем момент учествуваа и играчите на ФК Вардар.