Советничкат во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ, во гостување во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“ телевизија го праша скопскиот градоначалник Петре Шилегов како може да се објави јавен повик за изградба на парк на место каде што во моментотов е објектот Универзална сала.
Во 2018 година токму градоначалникот Петре Шилегов седна со тогашниот министер Алаѓозовски и тие се договорија да изградат Универзална сала. Дали кога се договараа и потпишуваа договор и градоначалникот постојано излегуваше во јавноста и кажуваше дека ќе се гради Универзална сала, дали тогаш имаше отворена дебата и се слушна мислењето на граѓаните? Одговорот е не. Во 2019 година ние повторно предвидовме пари во Буџетот на Град Скопје за проект за Универзална сала. Еве помина и 2019 година и ништо.
Сега, 2020 година градоначалникот кажува дека добил пари од Министерството за култура, а исто така и ние во буџетот на Градот издвоивме пари за проектот на Универзална сала. И сега се сведува дека на 24 јули е објавен јавен повик за летна тераса со парк Универзална сала во градска четврт 14. Нека ми одговори Петре Шилегов, во постојниот ДУП на местото на Универзална сала што е впишано, односно што е нацртано. Дали е нацртано летна тераса со парк или е нацрт објект Универзална сала? Како може да се објавува јавен повик за парк на место на кое што во моментот е објект Универзална сала – Колариќ го праша градоначалникот Шилегов.
Колариќ рече дека жителите на општина Центар не може да го видат другиот детален урбанистички план кој што е објавен на страницата на општина Центар, обвинувајќи дека нешто се крие од граѓаните.
Другиот ДУП не можат граѓаните да го видат објавен на страницата на општина Центар, поточно за делот каде што е цртан делот за Универзална сала. Дали нешто се крие од граѓаните или можеби градоначалникот има однапред привидение – кажа Колариќ.