Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо донираше 310 технички уреди за децата од општина Гази Баба, кои немаат како да ја следат онлајн-наставата. Општина Гази Баба соопшти дека е блиску до обезбедување на потребниот број таблети за сите ученици од ранливите категории.
Од општината соопштија дека амбасадорот Џанг Ѕуо, при посетата посочил дека двете влади соработувале и пред глобалната пандемија. Ѕао порачал дека вирусот не познава граници, но дека постои вистинска љубов која го грее светот.
Ги донираме овие таблети, во надеж дека ќе им помогнеме на децата, да ги надминат тешкотиите во овој тежок период, да продолжат внимателно со учењето и да напредуваат континуирано. Се надевам, наскоро, младите ќе прераснат во градители на просперитетот на Република Македонија, и ќе бидат учесници во изградбата на пријателските односи меѓу Кина и Македонија и соработници во изградбата на заедницата со заедничка иднина на човештвото – изјавил амбасадорот Ѕуо.
Градоначалникот Борис Георгиевски се заблагодарил за донацијата од 310 таблети кои според него, ќе бидат од големо значење за учениците особено сега во состојба на пандемија, кога наставата во поголем дел учениците ја следат од дома и што ќе им излезат во пресрет на децата од социјално ранливите категории.
Вашиот чин е само уште една потврда за добрата соработка меѓу двете земји и за вашите заложби кон нашиот народ, особено кон најмладите. Нашата соработка како општина со Народна Република Кина очекувам да продолжи и во други области – изјавил Георгиевски.
Оптината соопшти дека кинескиот амбасадор покажал интерес и за новата индустриска зона, која ќе нуди можност за лесна индустрија и комерцијални објекти и посочи дека општина Гази Баба ја гледа како идна локација за нови инвестиции на кинески компании.