Општина Карпош сериозно се занимава со т.н. „тивка смрт“ – загадувањето, при што вечерва алармираат за изворот на тековното вечерно загадување на жителите на оваа општина. Во продолжение соопштението од „Карпош“.
-По пријава на граѓани за ширење на чад и непријатна миризба, инспекциските служби на Општина Карпош, излегоа на терен на увид на фактичката состојба. Се констатираше дека чадот и непријатниот мирис кој го чувствуваат граѓаните од населените места Влае, Нерези, Тафталиџе и Карпош, доаѓа од запалена мини депонија од атарот на Општина Сарај. Инспекциските служби на локалната самоуправа, веднаш пријавија во Противпожарната служба на Град Скопје и во градскиот инспекторат.
Фото: Канал5