За 62,5 отсто е намален бројот на патници во јавниот превоз од почетокот на пандемија на ковид-19 до сега, пишува СДК.мк
Кога започна пандемијата една од првите мерки беше намалување на капацитетот на патници од 75 отсто во автобусите со што претпријатието досега претрпело загуба од 4 милиони евра.
Бројот на патници во ЈСП Скопје, како и во приватните превозници значително е намален, а од март месец досега изнесува 12.064.455, додека пак во 2019 година овој број изнесувал 32.148.854.
Број на валидации во автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници
Месец 2019 2020
Март 5.685.383 2.731.699
Април 5.237.154 597.374
Мај 5.143.870 1.064.518
Јуни 4.260.896 1.634.768
Јули 3.946.298 1.868.372
Август 3.398.976 1.783.904
Септември 4.476.277 2.383.820
Вкупно 32.148.854 12.064.455
Намалувањето може да се види и според бројот на валидации. Во март месец во 2019 година се возеле 5.685.383, додека пак во 2020 година бројот е намален на 2.731.699.
Најголем пад има во месец април кога се возеле само 597.374 патници, додека пак во 2019 година овој број изнесувал 5.237.154.
Имено, по нагло зголемениот број на нови случаи со коронавирус, Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Венко Филипче посочуваат дека дел од новите мерки коишто се препорачани до Владата ќе биде и ограничување на капацитетот на патници во јавниот превоз до 50 отсто.