Скопје 01. ноември 2018. / 15:36

ЈСП со дополнителни автобуси за празникот Задушница

ЈСП со дополнителни автобуси за празникот Задушница

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје” денеска соопшти дека утре и задутре поради празникот Задушница ќе бидат пуштени во сообраќај дополнителен број автобуси кои ќе сообраќаат до гробиштата Бутел.

Покрај редовната линија 59 која сообраќа од Карпош 3 до Кучевишка бара/Гробишта Бутел, ќе бидат пуштени во сообраќај и дополнителни автобуси 59А од Ново Лисиче и 59Б од Кисела Вода.