Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху денеска изјави дека во тек е набавка на гуми за автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие кои не возат низ скопските улици поради недостиг на гуми.
– Веќе е активна една набавка за гуми за новите градски автобуси и потоа ќе има уште една набавка, истакна Салиху.
Што се однесува до расипаните автобуси, тој додаде дека се прави пресметка со цел да се види колку ќе биде исплатливо да се поправат.
Во однос на набавката на еко автобуси што ја планира Град Скопје, портпаролот Салиху информира дека кредитот ќе биде во висина од околу 10 милиони евра, а со него ќе се набават од 35 до 40 еколошки автобуси.