Во рамките на засилените акциски контроли на МВР во областа на сообраќајот вчера во Скопје се изречени вкупно 357 казни, од кои најмногу-36 се за возење без возачка дозвола.
Во истиот период казнети се 21 возач за технички неисправни и нерегистрирани возила, 28 за користење на мобилен телефон и 8 за управување под дејство на алкохол. Изречени се 54 мерки за непрописно паркирање, а со специјално возило „пајак“ и подигнати се 35 возила. За неносење на заштитна маска изречени се 23 казни.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.