Скопје 16. март 2020. / 12:30

Интензивно се мијат булеварите и улиците

Интензивно се мијат булеварите и улиците

Службите за одржување на јавната чистота изминатиов викенд извршија интензивно машинско миење на градските улици, булевари и тротари, информираат од Град Скопје.

Покрај миењето со вода, било извршено и рачно метење и собирање на отпадоците, а собран е и неправилно одложен кабаст отпад од јавните површини.

-Машинското чистење на градските улици во наредниот период ќе биде наше секојдневие, порача градскиот татко, Петре Шилегов.