Скопје 12. ноември 2020. / 13:30

Иако се гледаат луѓе со маски: Шилегов тврди дека фотографијата со преполн автобус на ЈСП е лажна

Иако се гледаат луѓе со маски: Шилегов тврди дека фотографијата со преполн автобус на ЈСП е лажна

Фотографијата што вчера се појави на социјалните мрежи од преполн автобус на ЈСП во Скопје е лажна, тврди градоначалникот на градот, Петре Шилегов.

Како што истакна тој, со ваквите информации само лошо се влијае врз менталното здравје на луѓето во време на пандемија.

-Ние треба да ги дестимулираме граѓаните да го користат автомобилскиот сообраќај. Ќе биде поекономично да се користи јавниот превоз. Ја видов вчера фотографијата и лажна е веста. Ова остава последици по нашето ментално здравје како луѓе. Генерално не може да се каже дека бројот на патници придонесува за ширење на пандемијата, смета Шилегов.

Низ социјалните мрежи од вчера кружат фотографии од градскиот автобусот со број 57. Иако според протоколите, во еден автобус може да се возат само 50 отсто патници од вкупниот капацитет на автобусот, од фотографијата може да се заблеже дека ова правило не се почитува.