Загрижувачки фотографии се појавија синоќа на социјалните мрежи кои го прикажаа почетокот на загадувањето во главниот град Скопје.
Запрашан за ваквата состојба, градоначалникот градот, Петре Шилегов, посочи дека ја разбира загриженоста на луѓето за ваквиот проблем.
„Логично е да се зголемува загаденоста со почетокот на грејната сезона. И јас сум загрижен за ваквата состојба, а ја разбирам и загриженоста на луѓето“, кратко рече Шилегов.