Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, во објава на својата фејсбук-страница соопшти дека Советот на општината усвоил измени во Одлуката за комунален ред, со кои се забранува сушењето алишта во дворовите во општината кои имаат поглед кон улица или кон плоштад.
„Да почнеме од поблагите мерки, со цел доследно спроведување на прописите. За да не стигнеме до казни. Превенција пред репресија“, напиша Наумоски во коментар под објавата.
Во коментарите под објавата граѓаните му посочија на Наумоски дека општината има многу поголеми проблеми од сушењето алишта на отворен простор.