Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, преку социјалните мрежи соопшти дека е позитивен на Ковид-19.
По извршениот тест вчера, сакам да ве информирам дека резултатот е позитивен – напиша Ганиу на „Фејсбук“.
Градоначалникот вели дека длабоко се извинува и изразува жалење до сите со кои имал контакт изминатиов период.
Од оваа положба уште еднаш апелирам и ве молам за внимание, почитувајте ги заштитните мерки и препораките – се вели чаирскиот градоначалник.
Ганиу од вчера е во самоизолација поради контакт со заболен од корона вирусот.