Скопје 30. април 2018. / 13:13

Градоначалникот на Чаир демантира дека бил претепан: Вчера бев на концерт со Али Ахмети

Градоначалникот на Чаир демантира дека бил претепан: Вчера бев на концерт со Али Ахмети

По информацијата објавена во неколку медиуми дека градоначалникот на скопската општина Чаир, Висар Ганиу, бил претепан од сопартијци, припадници на различна фракција во ДУИ, Ганиу ја демантира објавената информација, објави „Фокус“.

-Не е точно дека ме нападнале, не знам зошто се измислуваат вакви работи. Вчера бев на концерт на Инва Мула, а таму беше и лидерот Али Ахмети. Се објавува и дека ме претепала група на Бекир Асани, но ова не е точно, помеѓу нас нема расправии, сите сме дел од централното раководство на ДУИ, изјави за „Фокус“ градоначалникот Ганиу.