Скопје 23. јуни 2020. / 15:43

Градоначалникот на Центар негативен на тестот за Ковид-19

Градоначалникот на Центар негативен на тестот за Ковид-19

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ на својот Фејсбук профил објави дека ги добил резултатите од тестот за Ковид-19 и дека тие се негативни.

„По позитивниот тест на секретарот на Општина Центар, во интерес на општината и вработените, одлучив да се самоизолирам и да направам тест за Ковид-19. Во изолација останувам до втор негативен тест.

Општината, јас како нејзин градоначалник и вработените од самиот почеток на Ковид-19 пандемијата, децидно и без исклучоци ги почитувавме мерките препорачани од надлежните институции, како што се одржувањето задолжителна дистанца, носењето на заштитни маски и одржувањето на личната хигиена.

На секретарот му посакувам брзо и лесно заздравување. Апелирам до сите да се придржуваат до препораките на Владата и Министерството за здравство затоа што Корона вирусот не бира кого ќе зарази и никој од нас не е имун на него.

Да бидеме одговорни, да ги почитуваме доследно препораките!“ – вели Богдановиќ.