Скопје 01. јуни 2020. / 17:40

Градоначалникот на Бутел во самоизолација поради минатонеделната средба со директорката на УЈП

Градоначалникот на Бутел во самоизолација поради минатонеделната средба со директорката на УЈП

Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски од вчера е во самоизолација, поради средбата со директорката на УЈП Сања Лукаревска која е позитивна на Ковид-19.

– После вчерашната вест за позитивниот тест на Ковид -19 на Сања Лукаревска, а поради средбата која ја имав со неа минатата недела, од вчера, а во интерес на граѓаните, самоиницијативно сум во самоизолација, и покрај тоа што при нашата средба целосно ги почитувавме мерките за заштита и обајцата, напиша на својот „Фејсбук“ профил градоначалникот Смилевски.

Тој додава дека денеска го направил тестот за Ковид-19 и резултатот го очекува во текот на утрешниот ден.

– Во моментов немам никакви симтоми и се чуствувам добро. И посакувам на мојата пријателка Сања Лукаревска и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација брзо оздравување и добро здравје. Апелирам да не го потценувате вирусот да бидете максимално внимателни и да ги почитувате мерките за заштита, пишува Смилевски на „Фејсбук“.