Скопје 26. април 2018. / 09:33

Градоначалникот на Атина во посета на Скопје

Градоначалникот на Атина во посета на Скопје

Градоначалникот на Атина Јоргос Каминис денеска и утре ќе престојува во посета на Скопје и со скопскиот градоначалник Петре Шилегов ќе потпишат спогодба за соработка меѓу двата главни града.

Станува збор за возвратна посета, откако скопскиот и атинскиот градоначалник се сретнаа во Атина на почетокот на февруари.

Веднаш по средбата на Каминис и Шилегов, атинскиот градоначалник во интервју за МИА го најави потпишувањето на меморандумот за соработка при посетата на Скопје.

Тогаш, Каминис рече дека со Шилегов, ги поврзува и нивната политичка ориентација, и двајцата се социјалдемократи, но најважно од сѐ е волјата за соработка.

– Време е подобро да се запознаеме беше порака што атинскиот градоначалник, преку интервјуто за МИА, ја испрати до македонските граѓани по средбата со неговиот колега од град Скопје.