Град Скопје призна дека пуштил погрешно видео од прскањето против комарците. Оттаму појаснија дека наместо од денешното, до редакциите по грешка доставиле видео од прскањето што се случуваше минатиот месец.
„Очекуваме ново видео за прскањето против комарци кое ќе се направи утре, и истото ќе ви го доставиме“, се вели во реакцијата на Градот и се додава дека авионите ќе полетаат во пет часот од спортскиот аеродром Стенковец.
Од Градот велат дека прскањето започнало минатата ноќ, а ќе се одвива и во следните три дена.
Инаку во официјалното соопштение под зборовите „ Линк до видеото од утринското прскање против комарци, со авион“, поставено беше видео на кое јасно стои дата од минатиот месец кога било објавено на „Јутјуб“, 8 јули.