Скопје 23. септември 2020. / 12:13

Град Скопје присилно ќе наплатува данок на имот и фирмарина

Град Скопје присилно ќе наплатува данок на имот и фирмарина

Град Скопје ќе започне постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година.

„Во тековната година во месец март, Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина  до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници, стои во соопштението.

Од градот додаваат дека доколку по ваквото решение не се постапи се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.

Во април годинава од градот информираа дека нема да наплатува присилно по однос на решенијата за данок на имот и фирмарина поради ситуацијата со пандемијата. Тогаш беше објавено дека додека трае вонредната состојба, Град Скопје нема да постапува по опомените за 2019 година кои се доставени до обврзниците за данок на имот и до обврзниците за комунална такса – фирмарина и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови.