Скопје 08. април 2020. / 12:05

Град Скопје нема да постапува по опомените за данок на имот и фирмарина за 2019

Град Скопје нема да постапува по опомените за данок на имот и фирмарина за 2019

Град Скопје ги информира граѓаните дека решенијата за данок на имот и фирмарина кои пристигнуваат на нивните адреси се испратени пред да се случи пандемијата со коронавирусот во земјава, а поради новонастанатата состојба нема да се преземаат дополнителни мерки кон даночните обврзници.

– Додека трае вонредната состојба, Град Скопје нема да постапува по опомените за 2019 година кои се доставени до обврзниците за данок на имот и до обврзниците за комунална такса – фирмарина и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови, стои во соопштението.

Од Град Скопје посочуваат дека сите случаи кога даночни и таксени обврзници нема да добијат решенија или во решенијата ќе забележат недостатоци и неправилности, ќе се решаваат по укинување на вонредната состојба.