Скопје 20. февруари 2021. / 19:05

Град Скопје ќе потроши 130 илјади евра за реклами

Град Скопје ќе потроши 130 илјади евра за реклами

Град Скопје има потреба од дополнителен медиумски простор. Затоа за 130 илјади евра преку маркетинг агенција ќе се рекламира – на билборди, паноа, светлечки табли, автобуси, автобуски постојки, соопшти Алсат М.

Освен овој класичен начин за промоција, достигнувањата на градската администрација на Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов ќе биде видлива и на Фејсбук и Гугл.

Градот трошењето илјадници евра за промоција го правда поради тоа што медиумите не нуделе толку простор, колку што тие имале информации да соопштат.

Маркетинг агенцијата во име на градот треба да закупи рекламен простор и на информативните и забавните интернет портали.