Ако сакаат да обезбедат место за пушење на летните тераси во зима, од следната година, газдите на локалите, за заградување на летните тераси со стакло, ќе треба да платат 15 денари за метар квадратен, од ден. Ваква одлука денеска изгласа Советот на Град Скопје, откако ова го предложи градоначалникот Петре Шилегов.
Ако до сега се плаќаше само таксата од 15 денари метар квадратен за поставување на маси и столици на јавна површина, сега дополнително ќе се плаќаат по 15 денари за метар квадратен и за затворањето на терасите.
Шилегов образложи дека основна цел на одлуката е воведување нови стандарди во сферата на поставувањето на урбаната опрема на јавните површини во главниот град, за да се унапредел квалитетот на живеење на скопјани.