Гласањето на лицата со Ковид-19 и лицата во самоизолација во општина Чаир сè уште не е започнато, објави ТВ21. Причината за доцнењето е проверката на материјалите за гласање од страна на членовите на изборната комисија.
Одложувањето предизвика револт кај останатите членови, бидејќи чекаат од 10 часот наутро.