Во населбата Ѓорче Петров на локацијата Јурија Дексион ќе може да се градат 774 станови, предвидува ДУП-от СЗ 24, донесен без јавно изложување и јавна анкета, дадена е дозвола за изградба на станбени згради со бруто развиена површина за домување од 90544 м2 или 19000 м2 во основа.
Членовите на Иницијативата на граѓани од Дексион го прашуваат градоначалникот Александар Наумоски дали нему само профитот му е важен, дали за него има свестост и свест за хумано живеење?
Дали е нормално на толку мал простор како Јурија да се изградат по предвидувањата 774 СТАНОВИ, а знаејќи го наравот на нашите градежници и многу повеќе !?
НОВИ СКОРО 3000 ЖИТЕЛИ !
90544 м2 БРУТО РАЗВИЕНА ГРАДЕЖНА ПОВРШИНА !
Со катност П+1+17 и ВИСИНА ОД 58 МЕТРИ !
БЕТОНСКИ ЅИД ОД 17 КАТА И 58 МЕТРИ ВИСИНА !
Ова значително ќе ја промени демографската слика во тој дел од населбата !, пишува во објавата на „Фејсбук“ на Иницијативата на граѓани од Дексион.
Оттаму прашуваат каде ќе се паркираат овие автомобили ако по просек се пресметува 1,5 автомобил по семејство ? Каде ќе одат во училиште и градинка овие дечиња ?
Иницијативата на граѓани од Дексион кои бараат ревидирање на овој ДУП со цел инкорпорирање на начелата за хумано живеење, најавуваат блокади на улицата Ѓочепетровска, доколку не се исполнат нивните барања.