Чуден пример за младите генерации претставува директорот на Зоолошката градина – Скопје, Ѓорѓи Галетановски – Чомбе.
Младиот директор, познат по жестоките расправии на социјалните мрежи, по својот ексцентричен живот и по набавените куќички за пингвини од неколку стотици илјади евра – на Фејсбук призна дека се коцка!
Во една жолчна дебата која се одвиваше, тој нарекувајќи го соперникот со зборовите “Грдко” и “Телетабис”, вели дека прашањето дали се коцка е негов приватен живот, практично признавајќи дека е редовен посетител на казината.