Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров денеска го блокираше кружниот тек кај црквата Свети Петар и Павле. Протестот на ѓорчепетровци доаѓа откако беше изгласано донесувањето на ДУП С3 15, но и поради тоа што министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски не се согласи со нивното барање за средба.
Граѓанската иницијатива протестира, поради како што рекоа – урбаното дивеење во Ѓорче Петров.
Овој план кој го опфаќа потегот спроти кружниот тек во Порта Влае – позади „Убац“ до Американ Констракшн и целиот дел спроти недоправениот трговски центар, како и самиот парк во Ѓорче, е предвидено да никнат 17 нови згради со висина до 33 метри со вкупна бруто развиена површина од 138.918 квадратни метри или околу 24.000 квадратни метри.
При тоа, овие згради во кои е предвидено да живеат 1.359 нови жители.
Како што истакнаа од Иницијативата против урбано дивеење, со овој план се отвора можноста и за градење и на спорната зграда во паркот „Ѓорче Петров“.
Тие наведуваат дека тоа е еден од 25 детални урбанистички планови во Општината што се замислени да поминат пред Советот за осум месеци.
Во продолжение може да ја видите фотогалеријата од протестот.