Скопје 26. февруари 2021. / 14:32

(ФОТО) Започна тепачка на протестот за „Монструм“ – демонстрантите ги нападнаа полицијаците

(ФОТО) Започна тепачка на протестот за „Монструм“ – демонстрантите ги нападнаа полицијаците

Тензична ситуацијата пред трговскиот центар Мавровка каде демонстрантите за „Монструм“ беа запрени од полицијата.

Неколку од нив започнаа тепачка со полицијата, но за брзо беа спречени од останатите присутни.

Полицијата не им дозволи на демонстрантите кои протестираат за случајот „Монструм“ да продолжат со маршот кон Основниот суд во Скопје и кон Собранието, стопирајќи ги на булеварот пред трговскиот центар „Мавровка“.

Учесниците на протестите почнаа да фрлаат со камења и други предмети кон припадниците на полицијата.

Протестот во живо може да го следите ТУКА.