Слики од извадената калдрма во Старата скопска чаршија ги преплавија социјалните мрежи, на кои граѓаните го изразуваат својот револт од уништиувањето на автентичниот изглед на еден културно-историски споменик каков што е Чаршијата.
Револтираните граѓани прашуваат дали целоснкиот полициски час беше воведен за да може непречено да се одвива уништувањето на Чаршијата.
Еден од тие што најостро се огласи против уништувањето на автентичниот изглед на Чаршијата е поранешниот претседател на млади во Обединети за Македонија, Михаил Новковски, кој ја обвини власта дека врши културен геноцид, сличен на оној што го спроведуваше Исламската Држава.
Ова е културен геноцид истово го стори и исламска држава со рушење на објекти кои се културно наслетство овае чист фашизам сторен во време на демократија во време на криза.Наместо да ја заштитат конзрвираат они истата ја уништија задоволувајки нечии цели да стават некој кич со цел да земат некое евро арам да вие историјата ќе ви суди и ќе бележи дека имало некоја власт која културно етнички со сите сили се обудувала да уништи цел еден народ култура но истата заборавила дека тука живее со илјадници години еден народ кој е како пиреј и истиот опстојал и го победил тоа зло запишувајќи ги истите кои тоа го причиниле со големи букви во црната страна на нашата историја – пишува Новковски.