Скопје 15. февруари 2019. / 10:45

(ФОТО) Студентите од домот ,,Кузман Јосифовски Питу“ ги прекрија покривите со ѓубре

(ФОТО) Студентите од домот ,,Кузман Јосифовски Питу“ ги прекрија покривите со ѓубре

Фотографија преземена од ФБ, ја покажува студентската негрижа на станарите на уште еден студентски дом во Скопје, во неговиот строг центар, домот ,,Кузман Јосифовски Питу“, објави порталот Ако.мк.

Бидејќи овој дом нема широки дворови како ,,Пелагонија“ во Кисела Вода, нивните отпадоци паѓаат директно на соседните покриви.

Пред неколку дена на Твитер беше објавена фотографија од дворот зад студентскиот дом ,,Пелагонија“, на која се виде сета некултура на тамошните станари. По јавната осуда и реакциите , ѓубрето беше исчистено.

Сега ќе се поставуваат камери и секое нарушување на јавниот ред и мир ќе биде санкционирано, а доколку станарите и по две опомени и казни продолжат со истото однесување, ќе бидат исклучени и ќе го загубат станарското право.

Иста е состојбата и во другите два студенстки домови, ,,Стив Наумов“ и ,,Гоце Делчев“.

Пред три дена беше исчистена огромна депонија во дворот на домот за превоспитување ,,Ранка Милановиќ“ и тоа пред управната зграда.

Повеќе од очигледна е потребата за системско дејствување, едукација, превенција и казни. Загрижува невоспитанието кај младите генерации, за што треба сериозна загриженост и темелна работа со нив.

За жал, сведоци сме на неверојатна запуштеност и лоша состојба со хигиената, генерално во Македонија, за што е потребна широка и сеопфатна акција за менување на животните навики на голем број граѓани.