Скопје 05. февруари 2019. / 14:07

(ФОТО) Скопските средношколци се кренаа против аерозагадувањето

(ФОТО) Скопските средношколци се кренаа против аерозагадувањето

Денес во повеќе скопски училишта средношколците излегоа на протест против енормното загадување на воздухот.

Средношколците од Јоси Броз Тито, Васил Антевски Дрен,Орце Николов и Ѓорги Димитров решија да го кренат својот глас против загаденоста во Скопје, и ги повикаа властите да превземат итни мерки.

Иако средношколците се соочија со притисок од страна на одредени професори, сепак протестите поминаа мирно без инциденти.

До редакцијата на Лидер пристигнаа фотографии на кој може да се забележи дека средношколците се засегнати по ова прашање.