Скопје 18. октомври 2018. / 19:23

(ФОТО) Се руши „Скопски Саем”: Албанскиот инвеститор урива без дозвола?

(ФОТО) Се руши „Скопски Саем”: Албанскиот инвеститор урива без дозвола?

Се урива објектот на „Скопски Саем”, во текот на целиот ден градежна механизација и работници интензивно работеа на уривање на објектот.

Економски Лидер неофицијално дознава дека советот на Општина Гази Баба, нема издадено дозвола за рушење на албанскиот инвеститор, кој ќе гради нов стамбен комплекс на ова место.

Советници од општината, за Лидер брифираат дека никој не го ставил ова прашање на дневен ред, како и дека не се развила никаква дебата со граѓаните на општината.

Инвеститор на оваа локација е еден од најбогатите бизнисмени од Албанија, Самир Мане, кој во емисија на ТВ Клан, годинава најави дека ќе започне изградбата на инвестициски комплекс на местото на стариот „Скопски Саем”, вреден 300 милиони евра.

Тој минатата година го купи банкротираниот Скопски саем. Проектот тој го најавува како нов Албански мини град.

Големиот комплекс со станбени и деловни згради ќе се протега на површина од 155.000 метри квадратни, соопшти компанијата „Скопје Ист гејт“ минатата есен, чиј мнозински акционер „Балфин груп“ го изгради трговскиот центар Скопје Сити Мол. – вели Мане.

Уривањето на Скопски саем ќе почне во мај.

„Балфин груп“ го откупи имотот на банкротираниот Скопски саем од банките доверители за 21 милион евра.

Трговскиот центар се очекува да се отвори кон крајот на 2020. Заедно со трговскиот центар се планира да се изгради и станбен и деловен простор кој ќе биде завршен во текот на следните 5 до 7 години.

Во прилог, фотографии од рушењето.